Поврзете се со нас

Англија

Сити тргна во „лов“ на најголемата ѕвезда на Астон Вила

Објавено

на

Актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити тргна во офанзива по најголемата ѕвезда на Астон Вила, Џек Грилиш.

„Скај Спорт“ пренесува дека Сити и Астон Вила веќе разговараат и се е отворено на оваа тема. Клубот од Бирмингем не сака да го продаде англискиот репрезентативец и му нуди нов подобрен договор иако има уште четири години од стариот кој го потпиша во септември.

Вила сака да изгради тим околу него, меѓутоа останува да се види што Грилиш ќе каже на ова по интересот на Сити и тренерот Пеп Гвардиола кој е негов голем фан. Исто зависи и од тоа дали „граѓаните“ ќе можат да ги исполна барањата на конкурентот од ПЛ затоа што информациите говорат дека тие можат да побараат 100 милиони фунти.

Ако на ова се додаде дека и Хари Кејн е интересен за тимот од Манчестер тогаш станува јасно дека едноставно ќе мора да бидат продадени некои играчи за да можат да се исполнат желбите на Гвардиола.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни