Поврзете се со нас

Англија

Сити со тешко гостување ќе ја започне одбраната на титулата, Челси ќе има пеколен старт на сезоната

Објавено

на

Новата сезона во Премир лигата ќе започне во месец август, а првото коло ќе ни донесе неколку интересни парови од кои дефинитивно се издвојува битката во Лондон.

Имено Манчестер Сити одбраната на титулата ќе ја започне во англиската престолнина и тоа против Тотенхем кој допрва треба да реши некои прашања како наследникиот на Жозе Мурињо, но и иднината на најдобриот играч Хари Кејн.

Лидс на нашиот Џани Алиоски ќе му гостува на Манчестер Јунајтед, Ливерпул ќе се соочи со „канаринците“, Челси ќе го пречека Кристал Палас, додека пак Арсенал ќе му гостува на новајлијата во елитната конкуренција Брентфорд.

Инаку Челси под водство на Тухел ќе има пеколен старт на кампањата за тоа што во првите шест кола ќе игра против Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Сити.

Јунајтед пак има добар почетен распоред и ќе излезе на мегдан со Лидс, Саутемптон, Вулверхемптон, Њукасл, Вест Хем, Астон Вила и Евертон пред првата интернационална пауза. Првиот потежок противник за четата на Солскјер треба да биде Лестер на 16 октомври по што ќе следи битка со Ливерпул.

Кога е во прашање пак последното коло Челси, Сити, Ливерпул и Лестер ќе ја имаат домашната предност во дуелите со Вотфорд, Саутемптон, Вулвс и Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни