Поврзете се со нас

Англија

Сити со пресврт ја прекина лошата серија, Фулам испорача нова „петка“, Челси потона на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити ја прекина лошата серија на резултати во Премиер лигата и тоа на гостувањето кај Лутон каде славеше со 2-1.

„Граѓаните“ повторно имаа проблеми, но за разлика од пресметките со Челси, Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила овојпат дојдоа до трите посакувани бода и тоа со пресврт во второто полувреме.

Адебајо го шокираше фаворитот со погодокот во самата завршница на првиот дел, но по паузата работите си дојдоа на свое место и тоа со ефективни три минути на клубот од Манчестер. Имено од 62 до 65 минута гостите постигнаа два гола преку Силва и Грилиш што беше доволно да дојдат до предност која потоа ја сочуваа до самиот крај.

Сити сега има 33 бода, четири помалку од лидерот Ливерпул.

Фулам пак испорача уште една „петарда“, поточно за само неколку дена успеа да даде десет гола. На 6 декември со суредија Нотингем Форест со 5-0, а денеска со истиот тој резултат беше уништен составот на Вест Хем.

Во третиот дуел пак Евертон дојде до славје против Челси. Популарните „карамели“ уште еднаш потврдија дека се цврст, незгоден тим на „Гудисон Парк“ и со головите на Докуре и Добин дојдоа до седмиот сезонски триумф со кој дополнително се оддалечија од местата кои водат во втората лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни