Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сити со пресврт до победа над ПСЖ, Месиас го шокираше Атлетико на „Ванда“ (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити доминираше и пропушти многу шанси на дербито од Лигата на шампионите со ПСЖ, но мораше да прави пресврт за победа од 2:1.

ПСЖ успеа да искористи една од ретките грешки на одбраната на премиерлигашот и поведе преку Мбапе во 50. минута, но Сити дополнително го зголеми притисокот.

Резултат беше најпрвин израмнувањето со голот на Стерлинг, а потоа и целосниот пресврт со погодокот на резервистот Жезус за 2:1 и сигурно прво место во групата.

Реал Мадрид обезбеди сигурна победа против Шериф (0:3) со головите на Алаба, Крос и Бензема, со сличен резултат Спортинг ја победи Борусија Дортмунд (3:1), а најубедлив беше РБ Лајпциг, кој на гостувањето кај Бриж победи со 0:5.

Ливерпул го победи Порто, а Милан славеше со голот на Месијас во 87. минута, со што резервистот се претвори во херој на „росонерите“ и го шокираше Атлетико на „Ванда“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни