Поврзете се со нас

Англија

Сити се разбуди од „зимски сон“, „петарда“ на Челси, трилер меч на „Сент Џејмс Парк“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Екипата на Манчестер Сити конечно ја прекина серијата на лоши резултати, серијата без победа во ниту една конкуренција од 26 октомври и дуелот со Саутемптон (1-0).

Избраниците на Пеп Гвардиола оваа вечер го совладаа Нотингем Форест со 3-0 во рамките на 14. коло во Премиер лигата. Англискиот шампион се израдува на „Итихад“ со погодоците на Силва, Де Брујне и на Доку во второто полувреме (ТУКА можете да ги погледнете)

Челси пак во истатата конкуренција го реши Саутемтон на негов терен со 5-1. Дисаси, Нкунку, Мадуеке, Палмер и Санчо стрелаа за „сините“, додека на другата стрела реализираше Арибо.

Највозбудливо беше на „Сент Џејмс Парк“ каде Њукасл и лидерот Ливерпул во трилер меч со шест гола ги поделија бодовите играјќи 3-3.

Двете страни имаа свои минути, имаа можност да водат на ова соочување, па се чини ова реми е најреален резултат. Исак, Гордон и Шер погодија за домаќините, Џонс и Салах (2) реализираа за „црвените“. (ОВДЕ можете да ги погледнете)

Евертон пак стигна до важни бодови со Вулверхемптон 4-0.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни