Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сити се разбуди и спречи голем срам на „Итихад“, Динамо залудно го победи Милан (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити избегна елиминација уште во првата фаза во Лигата на шампионите, натпреварување кое оваа сезона го промовираше новиот формат кој дефинитивно донесе возбуда до последното коло.

Англискиот првак требаше да оствари било каква победа за да побегне од 25-то место и да се најде во баражот за осминафинале, а тоа успеа да го направи многу потешко од очекувањата.

Манчестер Сити се мачеше во првиот дел со Клуб Бриж и прими гол од Ониедика, па така Пеп Гвардиола на најлош можен начин замина на паузата меѓу двете полувремиња.

Што и да им кажал на своите играчи, мора да се признае дека тоа вроди брзо со плод на теренот, бидејќи Сити излезе како друг тим во вториот дел и брзо направи пресврт. Ковачиќ израмни на 1:1, Ордонез во 62-та минута си постигна автогол, а прашањето околу победникот го реши Савињо во 77-та минута.

Со победата од 3:1, Сити ја заврши воведната фаза во Лигата на шампионите на 22-то место, па сега од доста неповолна позиција ќе чека противник за баражот.

Во долниот дел од табелата, Динамо за жал залудно оствари голема победа над Милан со резултат 2:1, но ремито на Спортинг Лисабон против Болоња значеше дека хрватскиот првак завршува 25-ти, што е за само едно место подоле од местата кои носат бараж.

Батурина донесе водство за Динамо во Загреб по грешката на Габија, Пулишиќ израмни на 1:1, а Пјаца го постигна голот за победа по еден час игра на „Максимир“.

По комплетирани осум рунди во Лигата на шампиони, директен пласман во осминафиналето обезбедија Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила, додека бараж ќе играат тимовите од 9-то до 24-то место, а тоа се Аталанта, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Милан, ПСВ, ПСЖ, Бенфика, Монако, Брест, Феенорд, Јувентус, Селтик, Манчестер Сити, Спортинг Лисабон и Клуб Бриж.

Головите од Сити – Клуб Бриж погледнете ги ТУКА

Головите од „Максимир“ погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни