Поврзете се со нас

Англија

Сити рутински до место во полуфиналето на ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Фудбалерите на Манчестер Сити успешно ја минаа четвртфиналната рунда во ФА Купот, соочувањето со Њукасл кое го реализираа со резултат 2-0.

„Граѓаните“ важеа за огромни фаворити, статус кој го потврдија со рутински триумф со кој обезбедија полуфинале билет, односно му се приклучија на Ковентри кој претходно направи големо изненадување и славеше над Вулверхемптон со 3-2 на негов терен.

Двата погодоци за Сити беа дело на португалскиот репрезентативец Бернардо Силва кој стрелаше во 13 и 31 минута.

Преостанатите два дуели Челси-Лестер и Манчестер Јунајтед-Ливерпул се играат во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни