Англија
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)

Премиер лигата донесе супер возбудливи натпревари оваа вечер, а во терминот од 20:30 часот на програмата беа три средби кои понудија навистина многу голови.
Манчестер Сити го направи најтешкото против Брентфорд и успеа да постигне два погодоци во вториот дел, па иако се чинеше дека блесокот на Фоуден ќе биде доволен за победа, тимот на Пеп Гвардиола уште еднаш демонстрираше дека е ранлив во одбрана.
Фоуден го постигна вториот гол за 0:2 во 78-та минута и изгледаше дека го трасираше патот до трета победа во низа, но наместо тоа, фановите на Сити гледаа како нивниот тим одново испушта „добиен меч“.
Брентфорд не се откажа и брзо се врати во игра преку Виса, а во 92-та минута Норгард донесе реми за храбрите домаќините кои избегнаат пораз во судиското продолжение.
Истото го направи и Челси во дуелот со Борнмут, со тоа што херој за тимот на Енцо Мареска беше капитенот Рис Џејмс. Дефанзивецот изведе брилијантен слободен удар за 2:2, а со тоа спречи непријатен пораз за Челси во натпревар во кој прв дојде до водство.
Кол Палмер на мајсторски начин го легна противничкиот голман и погоди за 1:0, но Борнмут имаше подготвено одговор и постигна два гола за пресврт преку Клајверт и Семењо, погодоци кои на крајот не се покажаа како доволни за победа само поради блесокот на домашниот капитен.
На третиот натпревар во истиот термин, Вест Хем како домаќин го совлада Фулам со 3:2.
Головите од Брентфорд-Сити погледнете ги ТУКА
Погодоците од Челси-Борнмут погледнете ги ТУКА
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!