Поврзете се со нас

Англија

Сити притиска за двајца играчи во овој зимски преоден рок

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Премиерлигашот Манчестер Сити сака да ги засили своите редови во овој зимски преоден рок и според последните информации две трансфер цели се идентификувани и клубот веќе притиска, работи за да ги доведе во своите редови.

Се работи за две имиња со кои „граѓаните“ би ја освежиле дефанзивната и офанзивната линија. Имено Сити го сака стоперот на Ланс, талентираниот Абдукодир Хусанов кој има 20 години и во тековнава сезона има одиграно 16 натпревари во сите конкуренции.

Со своите изданија тој го привлече вниманието и на други англиски тимови како Њукасл и Тотенхем, ама составот од Манчестер ќе се обиде да ја добие оваа битка. Репрезентативецот на Узбекистан има договор со сегашниот тим до 2027 година.

Второто посакувано засилување за Гвардиола е Омар Мармуш, членот на Ајнтрахт Франкфурт кој блеска во тековнава кампања со 18 погодоци и 12 асистенции на 24 натпревари. Тој може да игра на двете крилни позиции, ама и како деветка ако е потребно, односно е тип на играч сличен на Хулијан Алварес кој минатово лето замина во Атлетико Мадрид.

Тој има договор со бундеслигашот до 30 јуни 2027 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни