Поврзете се со нас

Англија

Сити потпиша нов договор со играчот кој им ја донесе титулата во ПЛ

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити испиша историја и стана првиот тим кој успеал четири пати во низа да ја освои титулата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ водеа жестока борба до самиот крај со Арсенал, а еден од хероите на овој резултат дефинитивно е голманот Штефан Ортега.

Голманот беше замена за Едерсон, но кога и да добиеше шанса беше подготвен да покаже што знае и умее, па токму тој дефинитивно ја имаше клучната интервенција за титула на составот од Манчестер.

Имено на гостувањето кај Тотенхем, Ортега кој на тој меч влезе како замена имаше супер одбрана при водство од 1-0, поточно ја доби битката еден на еден со Сон што потоа му овозможи на Сити да даде уште еден гол, да ја потврди победата за да во завршното коло само ја заврши работата против Вест Хем.

Токму херојот Ортега потпиша нов договор до 2026 година што доволно говори дека е ценет од менаџерот Пеп Гвардиола.

-Среќен сум што ќе останам подолго во Манчестер Сити. Ова е фудбалски клуб кој на играчите им обезбедува се што ни е потребно за да бидеме најдобри. Секој ден се чувствувам мотивиран и предизвикуван, се подобрив како голман откако дојдов овде пред две години. Моето семејство е навистина сместено овде во Англија… Сакам сè што е тука. Потпишувањето на овој договор значи дека сега можам да се фокусирам 100% на следната сезона и понатаму, -порача голманот кој во Сити дојде од Арминија Билефелд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни