Поврзете се со нас

Англија

Сити победи во супер натпреварот со седум голови на „Сент Џејмс Парк“ (Видео)

Објавено

на

Екипата на Манчестер Сити славеше нова победа во Премиер лигата, овојпат совладувајќи го тимот на Њукасл во одличен натпревар кој на крајот заврши со конечен резултат 4:3.

На „Сент Џејмс“ парк во текот на сите 90 минути видовме еден активен фудбал кој понуди многу возбудливи моменти и многу голови.

Домашниот тим прв дојде до водство со голот на Крафт постигнат во 25. минута. Потоа следеа два брзи гола на Сити преку Кансело и Феран Торес со кои „граѓаните“ направија пресврт на средбата. Во самиот финиш на првото полувреме беше досуден пенал за Њукасл кој во гол го претвори Жоелингтон.

И вториот дел исто како и првиот донесе возбудлив фудбал полн голови. Прво Џо Вилок во 62. минута по трет пат го совлада Карсон кој претходно го одбрани неговиот пенал, но не можеше да ја скроти и одбиената топка. Две минути подоцна Феран Торес израмни на 3:3, а две минути по третиот гол на Сити истиот играч постигна уште еден гол за конечни 4:3 за новиот англиски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни