Поврзете се со нас

Македонија

„Сити Парк Бојс“ лути по поразот на Работнички, ги натераа играчите да ги соблечат дресовите (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.fiba.basketball/europecup/23-24

Работнички требаше да биде еден од најдобрите македонски клубови во оваа сезона, поточно кампањата беше започната со најголеми амбиции, меѓутоа засега резултатите не се на посакуваното ниво и тимот по десет кола има учинок шест победи и четири порази.

Последниот негативен резултат дојде во соочувањето со Феникс 2010, пораз по кој навивачката група „Сити Парк Бојс“ покажа што мисли за играчите и нивното залагање на теренот.

Целата група беше викната пред навивачката трибина во „СРЦ Кале“ и беше испратена јасна порака дека не заслужуваат да го носат дресот на нашиот најтрофеен клуб, поточно им порачаа да ги соблечат истите.

(овој момент можете да го видите на отсечката 2:13:15)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни