Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сити откри брутален говор на Гвардиола: Дали знаете зошто Меси е најдобриот играч кој сум го видел (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити на својата официјална телевизија го емитува новиот документарец насловен „Повторно шампиони“, а од втората прикажана епизода, се издвојува едно видео кое доаѓа од последната сезона во Лигата на шампионите.

Во епизодата е прикажан еден моќен и брутален говор на Пеп Гвардиола, кој на своите ѕвезди во соблекувалната уште еднаш се обидува да им всади во глава како треба да размислуваат кога го напаѓаат противничкиот гол.

Всушност, шпанскиот стручњак го користи Лионел Меси како пример за дополнителна мотивација, барајќи од својот тим да ја доврши задачата на теренот против Клуб Бриж.

– Дали знаете зошто Меси е најдобриот играч кој сум го видел во животот??

– Бидејќи тој е натпреварувач, тој е животно. Кога ја подаваме топката, напаѓајте тука! Мора да давате голови момци. Меси ја додава топката и оди напред како машина, тој го помирисува голот. Вие мора да нафрлите и да стигнете на време, – вели емотивниот Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни