Англија
Сити остана без важен играч на неодреден период

Манчестер Сити сезонава не успеа да ги испорача очекуваните резултати во сите натпреварувања во кои настапува, а една од причините е и постојаниот проблем со повредени играчи.
Пеп Гвардиола сега добил лоша вест во однос на статусот на искусниот Мануел Аканџи, фудбалер кој нема да биде во комбинација во засега неодреден период.
Швајцарскиот интернационалец заработи мускулна повреда на дербито со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а сега е јасно дека дефинитивно нема да биде во комбинација за реваншот кој ќе се игра на „Бернабеу“.
Дополнителен проблем за Гвардиола е што дефанзивецот ќе го пропушти и домашното дерби со Ливерпул, кое е закажано за 23. февруари, а медиумите најавуваат дека проблемот може да се покаже и како посериозен, но засега клубот тактизира со официјалната информација.
Покрај ударот кој Сити го заработи со повредата на Родри, сезонава најмногу проблеми има токму одбраната, па Стоунс, Диаш и Аке неодамна се вратија во комбинација откако и самите се рехабилитираа од повреди.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…