Поврзете се со нас

Германија

Сити официјално е минато, Анхелињо потпиша за Лајпциг до 2025 година

Објавено

на

Бундеслигашот РБ Лајциг оваа вечер издвојува победа над Аугзбург (2-1) во првенството, а по оваа средба објави уште една добра вест и тоа дека официјално нивен нов член е Хосе Анхел Есморис Тасенде или попознат само како Анхелињо.

Анхелињо досега играше за „биковите“ како позајмен играч од премирлигашот Манчестер Сити, но со вечерашниот настап против Аузгбург беше активирана клаузулата според која Шпанецот станува фудбалер на Лајпциг и тоа за сума од 18 милиони евра.

Левиот бек кој може да игра и како крило ако е потребно потпиша договор со важност до 2025 година. Анхелињо перфектно се снајде во системот на тренерот Нагелсман и севкупно досега на 47 мечеви даде 9 голови и запиша 16 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни