Англија
Сити објави најново видео од Родри и ги воодушеви своите фанови

Сезоната на Манчестер Сити тргна во погрешен правец од моментот кога Родри тешко се повреди на дербито против Арсенал, па овие неколку месеци само ни покажаа какво значење имал Шпанецот за играта на тимот кој четири пати во низа ја освои титулата во Премиер лигата.
Играчот за врска го скина предниот вкрстен лигамент на коленото и мораше да направи оперативен зафат, па иако во прв момент беше пренесено дека сезоната за него е завршена, очигледно Родри се противи на проценките на медицината и планира да заигра во завршницата од оваа кампања.
Шпанецот во неколку наврати истакна дека процесот на рехабилитација му оди многу подобро од очекувањата, а последен доказ за тоа е видеото кое го објави Манчестер Сити.
Клубот од „Итихад“ со објавеното видео им ги стопли срцата на своите фанови, кои сега се свесни дека Родри е во завршна фаза од рехабилитацијата.
Шпанецот почнал со индивидуалните тренинзи и веќе има контакт со топката, па најновите проценки се дека би можел да се врати на теренот на средина на месец април.
On the road to recovery 💪 pic.twitter.com/WovR8p6417
— Manchester City (@ManCity) February 28, 2025
-
Репрезентација16 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет15 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!