Лига на шампиони
Сити на колена на „Паркот на принцовите“, „петарда“ на Реал, потоп на Баерн во Ротердам (ВИДЕО)

Екипата на Пари Сен Жермен издвојува победа над Манчестер Сити од 4-2 во дерби средбата на вечерта во Лигата на шампионите.
Избраниците на Луис Енрике одиграа највистина квалитетен меч во кој беа подобри во противникот и сосема заслужено ги освоија трите бода иако до истите мораа да дојдат со пресврт откако премиерлигашот имаше фуриозен старт на второто полувреме.
Грилиш и Халанд погоди во 50 и 53 минута за огромно водство на Сити, но „светците“ не се откажаа и продолжија да играат, создаваат шанси како што претходно тоа го правеа со таа разлика сега што беа подобри во завршницата на акциите. Од 56 до 60 минута француските репрезентативци Дембеле и Баркола реализираа за ерупција на „Паркот на принцовите“.
Потоа на сцена стапија Португалците, па Невеш и Рамош стрелаа за 4-2 и огромни три бода на ПСЖ кој сега е на местата кои водат во елиминациите, додека четата на Гвардиола е под цртата во пресврт на последното осмо коло.
Реал Мадрид „испука петарда“ во мрежата на Салцбург (5-1) со головите на Родриго, Винисус Жунир (2) и Мбапе. Сега бранителнот на пехарот е на 16, позиција со 12 освоени бода.
Баерн Минхен доживеа неочекуван потоп во Ротердам кај Феенорд, пораз од 3-0. Залудна беше доминацијата на „баварците“ кога домаќините максимално ги користеа шансите и со три шута во рамките на голот на Нојер дојдоа до победа која ќе се памети. Хименез беше автор на два погодоци, точка пак стави Уеда во 89 минута.
Арсенал беше подобар од Динамо Загреб на Ристовски и Адеми со 3-0, Милан благодарение на голот на Леоа ја доби Џирона, а со истите резултати Интер и Селтик ги добија Спарта Прага, односно Јанг Бојс.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони24 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија8 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег