Поврзете се со нас

Англија

Сити му пронајде клуб на отпишаниот Филипс

Објавено

на

Калвин Филипс има договор со Манчестер Сити до 2028 година, ама повеќе од јасно е дека тој нема иднина во овој клуб или барем се додека на кормилото на истиот е Пеп Гвардиола.

Англичанецот не се снајде и не ја искористи шансата додека можеше, па така во минатата сезона не се прослави ниту на позајмицата во Вест Хем, па пак се врати меѓу „граѓаните“ и беше на летните подготовки. Меѓутоа беше јасно дека е прашање на време кога ќе замине на друго место и тоа место ќе биде Ипсвич Таун.

Имено медиумите пренесуваат дека повратникот во ПЛ ќе го добие играчот за врска на заем во следнава кампања. Со неговото искуство тој треба да помогне Ипсвич да опстане во елитната конкуренција што секако нема да биде лесна мисија.

За Калвин ова ќе биде можност да си ја врати кариерата на посакуван правец, да се врати во формата од Лидс која му овозможи место во англиската селекција, но и трансфер во Сити.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни