Поврзете се со нас

Англија

Сити ќе одговара за 115 прекршувања на финансиските правила, но одлуката ќе биде донесена најрано во 2025 година

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Премиер лигата го казни Евертон со одземање 10 бодови преку одлуката на независна комисија, која ја одредила санкцијата според аргументите за непочитување на финансискиот фер плеј, додека случајот на Манчестер Сити ќе започне да се разгледува дури следната есен.

Сити е обвинет дека направил дури 115 прекршоци во однос на своите финансиски потези, па додека ривалските клубови очекуваат ригорозна казна, Премиер лигата прифатила процесот на разгледување и носење одлуки да започне дури есента следната 2024 година.

Сослушувањето повторно ќе го води независната комисија формирана за оваа цел, а имајќи го предвид квантитетот на прекршоци и потребата од соочување на аргументи со клубот, одлука за евентуална казна може да биде донесена дури летото 2025 година.

Англиските медиуми истакнуваат дека Пеп Гвардиола може да биде и заминат од Сити кога ќе биде донесена одлуката, бидејќи неговиот договор истекува по крајот на сезоната 2024/25, а информациите засега не се потврдени од двете страни.

Сити сигурно и ќе се жали на евентуалната казна, користејќи ги достапните судски инстанци, но нема да може да го однесе случајот пред Спортскиот арбитражен суд, кој го ослободи од казната доделена од УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни