Поврзете се со нас

Англија

Сити ќе ја почне одбраната на титулата со големо дерби, ждрепката донесе историски податок за Јунајтед (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/officialnffc

Новата сезона во англиската Премиер лига ќе стартува на 16-ти август, а завесата ќе биде крената на „Олд Трафорд“ каде Манчестер Јунајтед ќе го пречека Фулам.

Јунајтед повторно имаше среќа во ждрепката за првото коло и осми пат во низа ќе отвори една сезона на домашен терен, нешто што претходно не се случило никогаш во историјата во англиската елита.

Ерик Тен Хаг дефинитивно ќе има доста поголеми амбиции во третата сезона како менаџер на тимот, но јасно е дека нема да има и преголемо разбирање доколку има слични резултати како оваа сезона. Мечот против Фулам ќе биде добра шанса за позитивно отворање на сезоната, а првото коло во Премиер лигата ни носи и едно големо дерби.

Актуелниот шампион Манчестер Сити одбраната на титулата ќе ја почне во Лондон, и тоа во голема дерби пресметка против Челси. Последниот меч на овие два тима на „Стемфорд Бриџ“ заврши 4:4, па фановите уште отсега се надеваат на слична голеада во воведното коло.

Арне Слот како менаџер на Ливерпул ќе дебитира во Премиер лигата на гостување кај повратникот Ипсвич, додека Арсенал ќе биде голем фаворит против Вулверхемптон на домашен терен, тим со кој ја затвори сезоната која неодамна заврши.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни