Поврзете се со нас

Англија

Сити ќе го продава Вокер по крајот на сезоната

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити ќе се обиде да најде купувач за Кајл Вокер по крајот на сезоната, сметајќи дека младиот Рико Луис е подготвен да го наследи својот поискусен колега на десната бековска позиција.

Англискиот репрезентативец беше блиску до напуштање на Сити во една прилика, но на крајот реши да остане на „Итихад“, нешто што веројатно нема да се повтори во летниот преоден рок во 2025 година.

„Дејли мејл“ тврди дека Вокер ќе биде ставен на трансфер листата и Сити ќе се обиде да добие барем 20 милиони евра за неговиот потпис, а се чини дека ќе има повеќе клубови кои ќе бидат заинтересирани за искусниот бек.

Договорот на Вокер истекува во 2026 година, па затоа и следното лето е најсоодветно за клубот да го испрати досега многу важниот играч во друга средина.

Вокер може да си обезбеди договор не само во Англија, туку и во други европски земји, а тука се и клубовите од Саудиска Арабија како финансиски најпримамлива опција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни