Поврзете се со нас

Англија

Сити ќе го „грабне“ најдобриот играч на Џирона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/GironaFC

Манчестер Сити има уште многу битки до крајот на оваа сезона, но во исто време се размислува и за наредната кампања за која по се изгледа актуелниот англиски и европски шампион веќе обезбеди едно засилување.

Имено секогаш добро информираниот италијански новинар, Фабрицио Романо пренесува дека нов член на клубот од „Итихад“ ќе биде еден од најдобрите играчи на Џирона, 19-годишниот Савио Мореира Де Оливеира попознат само како Савио или Савињо.

Бразилецот блеска во дресот на шпанскиот прволигаш кој сезонава е најголемо изненадување во Примера, партии со кои го привлече вниманието на себе, поточно интерес за него имаше од англиски и германски клубови, меѓутоа составот од Манчестер успеа да го обезбеди неговиот потпис.

Познато е дека Џирона е дел од групацијата на Сити, па затоа и премиерлигашот беше во предност во оваа ситуација. Инаку Савињо официјално е член на Троа од каде изминатиов период беше испраќан на позајмици во ПСВ и сезонава во Џирона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни