Поврзете се со нас

Англија

Сити ја потврди повредата на Халанд, навести и кога може да се очекува враќање на голгетерот

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Ерлинг Халанд нема да може да му помогне на Манчестер Сити во клучен дел од сезоната, како последица на повредата заработена на дуелот со Борнмут во ФА купот.

Норвежанецот беше принудно заменет во второто полувреме, а утринава ги направил најавените прегледи, по кои Сити потврди дека има проблем на зглобот на левата нога.

– Прогнозата е дека Ерлинг ќе може да се врати пред крајот на сезоната, вклучувајќи го Светското клупско првенство, – стои во клупското соопштение со кое е потврден проблемот на голгетерот.

Јасно е дека Гвардиола ќе мора да се снаоѓа без Халанд наредниот период и во ситуација кога неговата екипа грчевито се бори за место кое води во Лигата на шампионите.

Сити веќе задутре го пречекува Лестер во првенството, а четири подоцна му гостува на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни