Англија
Сити има договор со фудбалер на Ливерпул, подготвени 70 милиони евра за шокантен трансфер
Манчестер Сити не му создаде проблеми на Хулијан Алварез во реализацијата на неговата желба да се пресели во Атлетико Мадрид, но сега ќе се обиде интелигентно да ги реинвестира парите заработени од трансферот.
Аргентинецот замина во Шпанија, а Пеп Гвардиола и неговите соработници пикирале фудбалер на Ливерпул како најсоодветна замена за наредните години.
Се работи за колумбискиот репрезентативец Луис Диаз, со кого наводно Сити веќе има договор околу личните услови, но ќе треба да го убеди и Ливерпул да го дозволи трансферот.
Најмалку 70 милиони евра ќе бидат платени за крилниот напаѓач кој секогаш е голема опасност за противничките одбрани, а ваквиот трансфер сигурно силно би одекнал кај премиерлигашките фанови и англиската фудбалска јавност.
Диаз досега се покажа како одлична инвестиција за Ливерпул, откако на „Енфилд“ се пресели пред две сезони од редовите на Порто.
-
Балканпред 18 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед