Англија
Сити им се врати на победите, Њукасл доминира на „Сент Џејмс Парк“ (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Сити ја оправда улогата на фаворит и го оствари посакуваниот триумф над Брајтон на соочувањето на „Итихад“ во рамките на 9. коло во Премиер лигата.
„Граѓаните“ беа поразени од Арсенал и Вулверхемптон во претходните две рунди, па победата беше императив за избраниците на Пеп Гвардиола. До неа дојдоа со резултат 2-1, средба во која во листата на стрелци се запишаа Алварез и Халанд.
Домаќините овие голови ги даде до 19 минута, но потоа подзастана кога е во прашање овој аспект и тоа беше искористено од гостите кои внесоа немир во завршницата со голот на Фати во 73 минута.
Сепак нови промени немаше, Сити дојде до 21 бод со кој е на врвот на табелата.
Њукасл пак уште еднаш потврди дека „Сент Џејмс Парк“ е вистински тврдина и местоа каде каде освен што тешко се освојуваат бодови, тешко се дава и голови. Настрада Кристал Палас и тоа со 4-0, стрелци на погодоците беа Марфи, Гордон, Лонгстаф и Вилсон.
На другите терени, Борнмут загуби од Вулверхемптон со 1-2, Брентфорд го суреди Барнли (3-0), а бодовите ги поделија Нотингем Форест и Лутон (2-2).
-
Англијапред 22 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 15 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 21 час
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 21 час
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
НБАпред 22 часа
Каков потег на најстариот играч во лигата: Леброн изведе магична пируета, соиграчите се фаќаа за глава (ВИДЕО)
-
Англијапред 10 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи