Поврзете се со нас

Англија

Сити го сака „детето“ на Барселона, каталонците можат убаво да профитираат

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити потроши голема сума на пари во овој преоден рок, но премиерлигашот не планира тука да застане и ќе се обиде во завршницата да донесе уште некое засилување.

Интересно е тоа што иако беа искористени 127 милиони фунти, Сити не донесе соодветна замена за Родри, играчот без кого екипата се мачи откако заработи потешка повреда на коленото.

Се споменуваат неколку имиња, меѓутоа ниту една зделка од нив не се оствари. Меѓутоа има време да се засили средината на теренот и последните вести кои ги соопшти трансфер експертот Фабрицио Романо е дека клубот од Манчестер се распрашува за Нико Гонзалес од Порто.

Воспоставени се контакти, Порто се надева дека ќе го задржи или ќе го пушти само во случај да има соодветна понуда на маса. Откупната клаузула е 60 милиони евра и ако Сити се реши за таков потег португалскиот тим ќе биде немоќен да се спротистави.

Ако се реализира ова сценарио Барса добро ќе профитира затоа што има обезбедено 40 проценти од следната продажба на Гонзалес. Нико е дете на каталонците, преку школата дојде до првата екипа, но во 2022 беше испратен на позајмица во Валенсија, потоа и продаден во сегашниот клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни