Поврзете се со нас

Англија

Сити го претстави „новиот Меси“: Овој клуб е пример за сите, денеска сум поблиску до мојот сон (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити почна да гради нов тим и за тоа потврда се активностите во зимскиот преоден рок, потрошените огромни средства за засилувања кои треба да донесат нова енергија, дух, крв во тимот кој сезонава покажува доста слабости.

Освен тие нови имиња кои веќе дебитираа, „граѓаните“ во наредниот период ќе можат да сметаат и на еден од најголемите светски таленти кого претходно го обезбедија, а тоа е Клаудио Ечевери.

Ечевери беше купен минатата зима, но потоа беше оставен да ја мине 2024 година на позајмица во Ривер Плата, а откако заврши истата и потоа Аргентинец беше дел од тимот кој настапи на првенството на Јужна Америка за играчи до 20 години, сега офанзивецот ја почнува приказната на „Итихад“.

-Не можам да ви кажам колку сум возбуден што сум овде во Манчестер и што конечно ќе можам да се наречам играч на Манчестер Сити. Фудбалот беше мојот живот, а мојот сон беше да играм за еден од најдобрите тимови во Европа. Денес сум поблиску до тој сон.

-Манчестер Сити е еден од најдобрите тимови во светот. Не само што освојуваат трофеи, туку ја играат играта толку убаво. Тие се пример за сите – им покажуваат на луѓето како најдобро да се игра фудбал. Да се ​​биде дел од овој тим и културата овде во Сити – и да го користам ова како моја основа за да ја развивам мојата игра – е нешто за што сум навистина возбуден.

-Моето семејство и јас сме многу горди што сме тука. Мојот фокус сега е да работам колку што можам на тренинзите за да му покажам на менаџерот и неговиот стручен штаб дека сум доволно добар за да бидам дел од овој тим, -порача Ечевери кого го споредуваат со Лионел Меси.

Тој има договор со премиерлигашот до 2028 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни