Поврзете се со нас

Англија

Сити го претстави големото засилување од Примера: Сон е да се игра за Гвардиола

Објавено

на

blank

По најавите од Шпанија и Англија во измиантите неколку дена, Феран Торес оваа вечер ги мина лекарските прегледи во Барселона, па веднаш после тоа беше претставен како ново засилување за тимот на Манчестер Сити.

Младиот Феран важи за еден од најголемите фудаблски таленти во Европа и со своите партии во Валенсија експресно го сврте вниманието на себе, а на крајот се чини дека пресуди шпанската врска, односно влијанието на Пеп Гвардиола кој експресно брзо си најде замена за Лерој Сане.

– Навистина сум многу среќен што му се приклучувам на Сити. Секој играч сака да биде дел од тим кој негува напаѓачки фудбал, а Манчестер Сити е еден од тимовите кои играат најнапаѓачки во светот.

– Пеп негува навистина отворен, агресивен стил на фудбал и јас многу сакав да бидам дел од тоа. Тоа е менаџер со докажани квалитети и веќе во минатото покажа дека ги подобрува фудбалерите. Сон е што ќе играм за него.

– Сити осови многу трофеи во изминатите десет години и се надевам дека тој тренд ќе продолжи и во иднина, – порача Торес кој стави потпис на петгодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни