Лига на шампиони
Сити го преслуша Баерн во Манчестер, Интер го освои „Луж“ (Видео)

Манчестер Сити е со една нога во полуфиналето во Лигата на шампионите, но сепак ќе мора да го преживее Минхен и да не дозволи чудесен пресврт на германскиот првак кој вечерва беше надигран на „Итихад“.
Тимот на Пеп Гвардиола максимално профитираше од напаѓачкиот и директен фудбал, но и од грешките кои ги направи потесната одбрана на Баерн, а тука пред се се мисли на Упамекано.
Големото европско дерби беше отворено со ремек-дело на Родри во првото полувреме, а доминацијата на Сити во овој дел од играта најдобро ја опишува тоа што Баерн не испрати директен удар кон голот.
На стартот на вториот дел, Сане во три наврати го тестираше Едерсон и за малку не донесе израмнување, но по почетниот притисок на баварците, топката повторно ја „нагазија“ момците на Гвардиола. Пеп го повлече од игра Де Брујне кој имаше едно опасно излизгување, но иако се чинеше дека тоа ќе влијае на креацијата, тоа не беше случај.
Грилиш ја искористи грешката на Упамекано и додаде до Халанд, а потоа овој го пронајде Бернардо Силва кој погоди за 2:0. Ова им даде ветер во грб на играчите на Сити, кои брзо преку Ерлинг Халанд дојдоа до 3:0 и огромна предност пред реваншот на „Алијанц арена“ кој се игра за осум дена.
На вториот четвртфинален дуел вечерва, Интер покажа квалитет и го освои „Луж“, а стрелци на погодоците во триумфот од 0:2 беа Барела и Лукаку.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)