Сити го потврди новиот договор на Агуеро со изјава на Меси (Видео)

kun-potpis

Манчестер Сити доживеа непријатен пораз на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, но два дена по шокот на „Итихад“, фановите на овој клуб добија добра вест од страна на управата за клубот поврзана за еден од најомилените играчи во тимот.

Серхио Агуеро веќе седум години го носи синиот дрес на „граѓаните“, а иако и самиот тој најавуваше дека во 2020 година ќе се врати во родната Аргентина, сега одлучи да го продолжи договорот за една дополнителна година за да одбележи еден убав и значаен јубилеј.

– Навистина сум среќен што клубот ми ја овозможи оваа дополнителна година. Во последно време, моја идеја беше да останам во Сити 10 години. Тука сум веќе седум години, а по истекот на договорот ќе бидат точно 10. Се надевам дека ќе го одработам договорот до последниот ден, – истакна Агуеро чие продолжување на верноста Сити го потврди на интересен начин, односно со изјави на Лионел Меси и Хавиер Маскерано.

– Кун е различен играч од останатите, играч кој се способен да направи се во последната третина од теренот. Беше неверојатно тоа што му даде два гола на Бразил во полуфиналето, со тоа не однесе чекор поблиску до олимпискиот медал, – гласи изјавата на Меси.

– Кун е еден од ретките играчи кои можат да кажат дека учествуваме на 2 светски првенства до 20 години, а и двете ги освоиле. Не може секој да се пофали со тоа….

Facebook Коментари