Англија
Сити го откажа Ипсвич за 193 секунди, Тотенхем ја наполни мрежата на Евертон (Видео)
Ипсвич го шокираше Манчестер Сити уште во 7. минута, но голот на Смодич само го разбуди ривалот, кој за кратко успеа да направи целосен пресврт и ја обезбеди победата (4:1).
Сити постигна три гола од 12 до 16. минута, а вредните статистичари пресметаа дека поминале 193 секунди меѓу првиот и третиот гол на домашниот состав на „Итихад“.
Најпрвин Савио изнуди пенал кој Халанд го претвори во израмнување, потоа Де Брујне ја искористи големата грешка на голманот на Ипсвич по дуелот со Савио и донесе водство, а Халанд на асистенција на Белгиецот зголеми на 3:1.
Тој резултат беше активен до финишот, кога Халанд го комплетираше хет-трикот за конечни 4:1.
Вреди да се напомене дека во завршницата, шанса за настап доби и повратникот Илкај Гундоган, кој беше дочекан со овации од домашните фанови.
Тотенхем исто така постигна четири гола, но без да прими ниту еден (4:0), а во првиот стрелци беа Бисума и Сон. Ромеро зголеми на 3:0, додека Сон со вториот гол ги постави конечните 4:0 и ја потврди првата победа на Тотенхем сезонава.
-
Балканпред 19 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед