Поврзете се со нас

Англија

Сити го освои „Сити Граунд“ и му се „залепи“ на Арсенал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Фудбалерите на Манчестер Сити не дозволија никаков кикс, изненадување и славеа над Нотингем Форест со 2-0 во последната средба од денешната програма во Премиер лигата.

Со оглед на тоа што Арсенал славеше над Тотенхем, избраниците на Пеп Гвардиола мораа да го положат овој испит на „Сити Граунд“, цел која ја остварија со по еден гол во двете полувремиња.

Де Брујне беше асистент на два гола, па така првиот падна во 32 минута кога по корнерот на Белгиецот дефанзивецот Гвардиол ја смести топката во мрежата на „шумарите“.

Во втората ситуација во 71 минута Кевин испрати топка до Халанд кој лесно се ослободи од противникот и потоа стрелаше за ерупција на гостинските навивачи.

Сега клубот од Манчестер има 79 бода и е на втората позиција зад Арсенал (80) со тоа што Сити има одиграно и меч помалку од „топчиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни