Поврзете се со нас

Англија

Сити го „изрешета“ Ипсвич со шест голови на „Портман Роуд“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити се врати во топ четири редоследот во Премиер лигата со денешната победа која ја запиша на гостувањето на „Портман Роуд“, стадион на кој избранците на Пеп Гвардиола беа немилосрдени и неверојатно ефикасни.

„Граѓаните“ не му дадоа никаква шанса на аутсајдерот и се прикажаа во брутално издание за враќање меѓу најдобрите четири на табелата, па така денеска на теренот беа расположен повеќе играчи и видовме пет различни стрелци.

Фил Фоуден беше единствениот фудбалер кој постигна два погодоци, додека Ковачиќ, Халанд, Доку и Меати беа останатите четворица кои погодија по еднаш.

Победата од 0:6 сигурно ќе донесе доста позитивни вибрации во тимот на Пеп Гвардиола, особено ако се знае дека „граѓаните“ се почесто се мачат на гостувањата во Премиер лигата во последно време.

Сити со освоените три бода ги мина на табелата Њукасл и Челси, додека Ипсвич остана во опасната зона како 18-то пласиран на табелата.

Головите погледнете ги ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни