Англија
Сити го договорил трансферот на Кансело, Португалецот првпат ќе игра надвор од Европа
Манчестер Сити и дефинитивно договори трансфер на Жоао Кансело, со што Португалецот по неколку заеми, целосно ќе се раздели со англискиот шампион.
Првиот неевропски предизвик за Кансело ќе биде во редовите на Ал Хилал, клубот од Саудиска Арабија кој оваа сезона ќе ја брани титулата во домашното првенство.
Сити ќе заработи 21,2 милиони фунти за Кансело, а се очекува фудбалерот без проблеми да ги договори деталите околу личните финансиски услови, кои сигурно ќе бидат на повисоко ниво од неговата досегашна плата во Европа.
Кансело последните 18 месеци ги помина како позајмен играч во Баерн Минхен, односно Барселона, па и самиот беше свесен дека веќе нема можност да се врати во составот на Пеп Гвардиола, иако менаџерот на Сити не сакаше јавно да исклучи таква опција.
30-годишниот фудбалер ќе има можност да соработува со колегата од националниот тим Рубен Невеш, а полесна адаптација ќе му овозможат и големиот број бразилски фудбалери предводени од Нејмар.
Тренер на Ал Хилал е исто така сонародник на Кансело, односно искусниот Жорге Жезус.
-
Светпред 17 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Лига на шампионипред 23 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 23 часа
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
АТПпред 14 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
Светпред 20 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Италијапред 18 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…