Поврзете се со нас

Англија

Сити го доби дербито со Челси и се проби во Топ 4 во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Манчестер Сити го доби дерби соочувањето со Челси со 3-1 во последниот меч од денешната програма од 23.коло во Премиер лигата.

Ова беше интересен дуел кој донесе грешки  на двете страни, четири погоди и многу важен триумф за „граѓаните“ кои се пробија на четвртата позиција, местото кое носи пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Гостите уште во втората минута го отворија резултатот преку Мадуеке по грешката на младиот Хусанов кој вечерва дебитираше за Сити.

Домаќините се разбудија и во 42 минута израмнија на 1-1 преку дефанзивецот Гвардиол. Во вториот дел Халанд атрактивно реализираше во 68 минута по една лоша проценка на голманот Санчез. Трите бода беа потврдени од Фоден во 87 минута.

Сити сега има 41 поен исто како Њукасл.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни