Поврзете се со нас

Англија

Сити ги договорил деталите за трансфер на голем бразилски талент

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити е блиску до комплетирање на уште едно засилување во јануари, а во случајов се работи за талентиран бразилски фудбалер.

Витор Реиш во моментов е член на Палмеираш и на 19 години веќе се наметнал кај скаутите на англискиот првак, кој сака да го доведе во своите редови уште зимава.

Палмеираш очекуваше да го има Реиш во своите редови барем за летното Светско клупско првенство, но Сити инсистира на преселба на стоперот во Англија без никакви услови.

Реиш има 18 настапи за бразилскиот тим сезонава, а англиските медиуми денеска објавија дека претставниците на Сити обезбедиле напредок во преговорите и наскоро ќе го потврдат трансферот.

Сити веќе го обезбеди стоперот на Ленс, Абдукодир Хусанов, а преговараат со Ајнтрахт за Омар Мармуш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни