Поврзете се со нас

Англија

Сити доминираше против Њукасл и обезбеди куп полуфинале со Арсенал (Видео)

Објавено

на

blank

Манчестер Сити ја комплетираше полуфиналната четворка на англискиот ФА куп, откако вечерва славеше против Њукасл како гостин со резултат 0:2.

Избраниците на Пеп Гвардиола доминираа во текот на речиси цел натпревар, Њукасл успеваше да се одбрани до финишот на првото полувреме, кога Жезус изнуди пенал, а Де Брујне го претвори во водство на гостите.

По една неискористена голема шанса за Њукасл, на спротивната страна стигна казната и тоа со убав погодок на Стерлинг, кој во 67. минута ги постави конечните 0:2.

Противник на бранителот на трофејот во полуфиналето ќе биде Арсенал, додека во второто полуфинале на „Вембли“ ќе се сретнат Челси и Манчестер Јунајтед.

Натпреварите ќе се играат на 18, односно 19 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни