Поврзете се со нас

Англија

Сити договорил продолжување на соработката со фудбалер кој најавуваше заминување од „Итихад“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити сигурно ќе биде активен и во претстојниот летен преоден рок, но директорите успеале да решат едно отворено прашање уште пред почетокот на ЕП.

Се работи за голманот Стефан Ортега, кој преку своите агенти индиректно најавуваше разделба и заминување од „Итихад“, со цел да добие поголема минутажа во друга средина, но сега го прифатил новиот договор од англискиот првак.

Германскиот новинар Флоријан Плетенберг ексклузивно објави дека неговиот сонародник и дефинитивно ќе остане во Сити, а новиот договор ќе важи до 2026 година.

Ортега одигра околу 600 минути за Сити последната сезона, но имаше голем придонес за рекордната четврта титула по ред, посебно со клучните одбрани на дуелот со Тотенхем во претпоследното коло.

Англискиот клуб на овој начин елиминира евентуална драма поврзана со голманската позиција, која може да настане при евентуалното решение да биде продаден Едерсон, а Ортега ќе се обиде да се избори за првотимски статус во конкуренција на Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни