Поврзете се со нас

Англија

Сити договорил големо засилување од Бундеслигата, бара компромис со неговиот клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити сигурно ќе донесе неколку освежување за тимот уште во актуелниот преоден рок, а германските медиуми тврдат дека можеби најзвучното име ќе пристигне од Бундеслигата.

Добро информираниот новинар, Флоријан Плетенберг, вечерва објави дека англискиот шампион веќе постигнал целосен договор со Омар Мармуш и тој дал зелено светло за реализација на трансферот уште наредниве денови.

Се работи за египетски репрезентативец, кој изминатиов период воодушеви со своите настапи во дресот на Ајнтрахт и кој и досега одбиваше да го продолжи договорот со составот од Франкфурт.

Пеп Гвардиола го поставил 25-годишниот Мармуш како свој приоритет во зимскиот преоден рок, а сонародникот на Мохамед Салах сега со нетрпение ќе чека расплет од преговорите на двата клуба.

Ајнтрахт нема лесно да се откаже од својата прва ѕвезда и бара околу 80 милиони евра за овој трансфер, нешто што според Плетенберг ќе биде предмет на преговори наредниве денови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни