Поврзете се со нас

Англија

Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Премиерлигашот Манчестер Сити е пред многу важен период во кој ќе треба да реши, затвори прашања кои се од клучно значење за клубот и екипата.

Познато е дека Сити ќе треба да даде одговори на обвинувањата за кршење на финансискиот фер плеј, но тоа е сосема друга тема од онаа за иднината на менаџерот Пеп Гвардиола, човекот кој му ги донесе најголемите успеси на тимот во изминатава деценија.

Меѓутоа има и луѓе од сенка кои исто така се значајни и си заминуваат, а тоа е директорот Чики Бегиристајн. Бегиристајн го донесе Гвардиола во Сити и дефинитивно е оправдан стравот на премиерлигашот дека и Пеп може да го следи неговиот пример и да си замине по оваа сезона кога и му завршува договорот.

Секако од таборот на „граѓаните“ ќе направат се за да спречат вакво сценариот и првиот потег е назначувањето на нов директор кој би требало да биде Уго Виана. Според „ЕСПН“, поранешниот португалски репрезентативец е на чекор од доаѓање во Манчестер, желбата е тоа да се случи во јануари по што тој шест месеци би работел заедно со Чики за да потоа сам ја извршува функцијата.

Виана е дел од Спортинг од 2018 година и дефинитивно е архитект на сите успеси на клубот во изминативе години особено по назначуавњето на Рубен Аморим за тренер на составот од Лисабон.

Онаку Португалецот како играч има настапуавно за Англија и тоа во Њукасл, има играно и во Шпанија, својата татковина и Обединетите Арапски Емирати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни