Сити и Челси во трка за холандски репрезентативец

nathan-ake

Се ближи јануарскиот преодек рок што значи екипите ќе можат да се активираат на трансфер пазарот и да ги засилат своите редови, а токму тоа сакаат да го направат премиерлигашите Челси и Манчестер Сити.

Актуелниот и поранешниот англиски шампион се заинтереснирани да ја засилат дефанзивната линија и бркаа ист играч-холандскиот репрезентативец Нејтан Аке. Според „Скај Спортс“, Сити е подготвен да го предизвика Челси кој пак може да го донесе Аке за 40 милиони фунти и тоа благодарение на клаузулата која ја вметна во 2017 кога го продаде во Борнмут за 20 милиони фунти.

Меѓутоа „граѓаните“ не се предават и ќе се обидат да дојдат до Холанѓанецот со оглед на многуте проблеми во одбраната, повредата на Лапорт и фактот дека не беше донесеза замена за легендарниот Компани кој се врати во својата татковина.

Пеп Гвардиола неодамна истакна дека тие нема да бидат активни во јануари, меѓутоа добра можност може да донесе активност, пренесува „Скај Спортс“.

Исто така клубот од Манчестер размислува и за двоецот на Лестер, Џони Еванс и Чаглар Сојунчу.

Facebook Коментари