Поврзете се со нас

Свет

Сите зборуваа за Вирц и Мусиала, но Крос го испофали германскиот дебитант: Тој е хајлајт на натпреварот

Објавено

на

Тони Крос имаше брилијантен кам-бек во репрезентацијата и Германија победи со 0:2 на гостувањето во Лион, триумф во кој значајна улога одигра големата ѕвезда на Реал Мадрид.

Крос го диктираше темпото на средината на теренот и им помогна на своите млади соиграчи да немаат проблеми против фаворизираната Франција, а бидејќи ова беше убедливо најдобро издание на „панцирите“ во последните неколку години, сега проценките за тимот на Нагелсман се доста пооптимистички.

Вчерашниот тим на Германија изгледаше навистина моќно и дури девет од единаесет фудбалери на теренот беа светска класа, но и останатите двајца (Тах и Митлстат) одиграа на највисоко ниво и Крос го пофали левиот бек.

Макси Митлстат игра извонредно за Штутгарт и на 27 години дочека деби за репрезетацијата, па иако во прв план се најдоа Вирц и Мусиала, Крос реши да го исткне и изданието на дефанзивецот.

– Можеме да бидеме задоволни од тоа како се прикажавме. Направивме добар исчекор напред. Влегуваме во завршна фаза од подготовките за Европското првенство и имавме навистина добра тренинг недела. Пред да дојдам, често слушав дека тренинзите се добри, но на терен не се спроведуваше тоа што се тренирало.

– Сега бевме на навистина високо ниво, одигравме одличен меч против Франција и за пример ќе ви го дадам Макси Митлестат. Тој го играше првиот репрезентативен меч и за мене хајлајт беше неговото издание. Беше многу мирен на теренот и мислам дека сите можеме да бидеме задоволни од тоа, – изјави Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни