Поврзете се со нас

Англија

Сите зборуваа за Раја, но Артета го издвои човекот од позадина по големата победа во пенал рулетот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Давид Раја ги „украде“ сите пофалби откако одбрани два удари од белата точка во пенал рулетот со Порто, но Микел Артета сакаше да го истакне и името на својот помошник кој бил резервиран да направи целосна анализа на пеналџиите на португалскиот великан.

Непосредно пред да дојде до изведување на пеналите, Раја доби точни инструкции Ињаки Кана кој на ливче имаше направено анализа за пеналџиите на Порто, па Артета не заборави да го потенцира името на тренерот на голманите по големата победа и пласманот во четвртфиналето.

– Нависитна сум многу среќен за овој успех, чекавме на ова 14 години. Ова е навистина предолго време за еден клуб како Арсенал. Ни беше многу тешко, но после 14 години се пласиравме во четвртфиналето. Моравме да „копаме“ за да го пронајдеме овој магичен момент за сите на стадионот.

– Атмосферата беше неверојатна, не сум доживеал ваква атмосфера на „Емирејтс“ како тренер, имаше страшна енергија на стадионот. Сите притискавме и на крајот дојдовме до тоа што сакавме.

– Има голема нервоза кога гледате пенали, сите знаеме дека се работи и за мала лотарија. Се подготвувавме за ова еден ден пред осминафиналето, па затоа големи заслуги одат и кон тренерот на голманите Ињаки. Навистина беше многу тешко да се игра против Порто, тие се многу компактен тим, се работи за навистина многу добра екипа, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни