Поврзете се со нас

Англија

Сите со неверица гледаа на неговиот трансфер, а сега може да го истисне Пикфорд од голот на Англија

Објавено

на

Многумина со чудење го проследија трансферот на Арон Ремсдејл во редовите на Арсенал во летниот преоден рок.

Причината з атоа беше што 23 годишниот голман пристигна на „Емирејтс“ за сума од околу 30 милиони фунти во моментите кога неприкосновен на голот беше германскиот чувар на мрежата, Бернд Лено.

Сепак, Рамсдејл со две раце ја зграпчи приликата која му ја даде Микел Артета и успеа да го убеди шпанскиот тренер дека може да биде и прв голман на Арсенал, па сега потенцираше дека негова следна цел е да биде прв голман на репрезентацијата на Англија за Светското првенство во Катар.

Рамсдејл доби повик од Герет Саутгејт за натпреварите против Андора и Унгарија и посочи дека не планира да испаѓа од селекцијата во иднина.

– Со мојата сопруга планиравме да одиме на одмор, а потоа знаете, стигна покана да бидам во составот. Да се биде дел од репрезентацијата на Англија е светост, тоа беа најдобрите недели од мојот живот. Не планирам да се тргнам од таму, -изјави Ремсдејл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни