Поврзете се со нас

Македонија

Сите се чисти во таборот на „црвено-црните“: Шкендија нема ниту еден случај на КОВИД-19

Објавено

на

Екипата на Шкендија ги продолжува подготовките за новата сезона во која клубот освен во домашните натпреварување ќе игра и во квалификациите за пласман во групната фаза во Лига Европа.

Во меѓувреме клубот од Тетово согласно препораките од Фудбалската федерација на Македонија направи тестови за КОВИД-19, а резултатите се онакви како што сите посакуваат, поточно играчите, стручниот штаб и вработените се негативни на коронавирусот.

Поради ова подготовките можат да продолжат со нормален тек и се очекува Шкендија да ги одигра веќе закажаните пријателски средби секако ако се биде во ред, чисто и кај противничките тимови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни