Поврзете се со нас

Англија

Сите пристигнуваат со „Ламбо“ и „Ролс Ројс“, само балканската ѕвезда на Сити вози „Голф“(Видео)

Објавено

на

Фудбалските ѕвезди надалеку се познати како љубители на скапите и модерни автомобили кои чинат стотици илјади евра, но сепак има и ретки примери кои знаат да се истакнат од групата со својата скромност.

Таков е примерот со Јошко Гвардиол во редовите на Манчестер Сити, бидејќи според објавеното видео од последното пристигнување во тренинг комплексот, тој е единствениот кој вози автомобил кој вреди помалку од шест цифри.

Додека играчи како Рубен Диаш пристигнуваат во Ламборгини вредно 350 илјади фунти, а Џон Стоунс и Едерсон со „Ролс Ројс“ вреден исто толку, хрватскиот дефанзвиец дефинитивно се издвојува од „толпата“, бидејќи во тренинг центарот пристигнува со „Голф“.

Балканската ѕвезда го украде вниманието и стана вирален на социјалните мрежи, но во прилог му оди и тоа што игра извонредно добро на теренот и е еден од најдобрите на стартот на сезоната.

Од прикажаните играчи на видеото, Рико Луис, Матеус Нунес и Фил Фоден пристигнаа во идентичен Мерцедес вреден 175 илјади фунти, додека Халанд е единствен со Ауди вредно 120 илјади фунти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни