Италија
Сите на „Сан Сиро“ се фаќаа за глава: Димарко погоди од пола терен и го режираше голот на сезоната (Видео)

Интер замина на пауза со минимална предност против Фрозиноне, а голот го постигна левиот бек на домашниот тим, Федерико Димарко.
Дефанзивецот често е дел од офанзивните акции на својот тим и повремено знае да се запише во листата на стрелците, но вечерва постигна гол кој ќе го памети цел живот.
Димарко доби една топка во простор од Мхитаријан, но кога сите очекуваа негов продор или додавање, следеше шокантен обид од 50-тина метри и истиот заврши во мрежата на Фрозиноне.
Левиот бек на Интер ја достави првата кандидатура за гол на сезоната во Серија А, па во таа насока одат и реакциите на сите на трибините, но и на теренот.
Голманот Јан Зомер се фаќаше за глава и истото важеше за уште неколку играчи на теренот, а за време на полувремето, педантните статистичари пресметаа дека Димарко го дал голот од 56 метри.
El gol de Dimarco fue de 56.08 metros 🤷🏼♂️ pic.twitter.com/RtVYamDt5s
— Inter Latino (@inter_latino) November 12, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг