Поврзете се со нас

Олимписки игри

Сите му се поклонија: Стоечки овации и аплаузи за легендарниот Скола (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Австралија го потврди статусот на фаворит и славеше над Аргентина во четвртфиналето на ОИ во Токио и со тоа закажа полуфинална пресметка против Соединетите Американски Држави.

Австралијците лесно излегоа со „гаучосите“ и за тоа најдобар доказ е конечниот резултат (97-59), па со оглед на тоа што немаше неизвеснот епилогот падна во друг план и за тоа е заслужен легендарниот Луис Скола.

Скола го одигра својот последен меч во националниот тим, а кога го напушти теренот на една минута до крајот доби овации и аплаузи од сите присутни во салата, од арбитрите, противничкиот тим, организаторите, единствено фалеше само пулика за да на идеален начин биде испратен овој кошаркарски џин, човек кој и на 41 година дава се за родната,саканата Аргентина.

-Беше забавно. Време е да дојдат нови ликови. Нашете време заврши, -порача Скола кој се повлече од репрезентацијата во истиот ден кога тоа го направија браќата Пау и Марк Гасол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни