Поврзете се со нас

Шпанија

Сите играчи на Реал го славеа клучниот гол против Атлетико, Крос режираше сцена за паметење (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос добиваше жестоки свирежи за секој допир со топката кој го имаше на теренот во Ријад, сето тоа како последица на изјавите кои ги даде за фудбалот во Саудиска Арабија.

Искусниот играч на Реал Мадрид е против трендот да се оди по многу пари во арапската земја и јасно посочи дека не му се допаѓаат потезите кои ги повлекуваат големите ѕвезди, а со тоа си загарантира пеколен пречек за време на шпанскиот Суперкуп.

Германецот не се возбуди премногу од свирежите и дури и се потсмеваше со саудиските фудбалски фанови по крајот на мечот, а сега излегоа фотографии кои откриваат дека Тони воопшто не се радувал на клучниот гол кој го постигна Реал за победа.

Додека сите играчи на Реал се радуваа за одлучувачкиот гол за 5:3, Тони Крос остана на 50-тина метри од нив и воопшто не го прослави истиот.

Според угледната „Марка“, тоа е резултат на мислењето кое го има изградено Крос, а тоа е дека Саудиска Арабија не е земја која заслужува да се игра најелитен светски фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни