Шпанија
Сите играчи на Реал дојдоа со автомобили од клупскиот спонзор, само еден со „ѕвер“ од речиси милион евра (Видео)
По речиси двомесечна пауза, играчите на Реал Мадрид полека се привикнуваат на редовната практика и започнаа со тренинзите кои се водат под посебни услови, а враќањето на ѕвездите во Валдебебас центарот ги врати и новинарите пред портите на комплексот на „кралевите“.
Во текот на денешниот ден, познатиот медиум „АС“ улови една интересна сцена пред влезот на центарот, видео вест со која долови дека само еден играч од првиот тим не го испочитува протоколот кој вели дека фудбалерите од првиот тим треба да се возат со возилото од клупскиот спонзор.
Сите фудбалери на Реал пристигнаа со автомобилите добиени од спонзорот Ауди, но тоа не важеше и за голманот Ареола кој на тренингот пристигна со моќен „ѕвер“, односно Мерцедес Брабус чија пазарна вредност е околу еден милион евра.
Французинот беше единствениот кој не дојде со автомобилот добиен од клубот, а иако политиката на Реал во овој поглед не е позната, не треба да се заборави дека неговиот сонародник Коман пред извесно време заработи казна од Баерн Минхен за идентичен потег.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 5 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шахпред 5 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 10 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 20 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик